• понеделник, 23 декември 2024

„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024

„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024.

На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење" (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст.

Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, Ана Ивановска, Јана Јакимовска, Страхил Петровски, Гордана Вренцоска, Марјана Којсточиновска Узунчева, и Маја Кировска. хс/ра/

Фото: ДЛУМ 

 

Остани поврзан