• недела, 22 декември 2024

ЛДП: За предлогот на Алтернатива во мултикултурно развиено општество не треба ни да се помисли, а е пак да се промовира

ЛДП: За предлогот на Алтернатива во мултикултурно развиено општество не треба ни да се помисли, а е пак да се промовира

Скопје, 26 февруари 2023 Потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи потенцираат од ЛДП.Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира  иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Северна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме, се вели во острата реакција на Либерално-Демократската партија.- Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Северна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници.Би сакале да потенцираме дека аспирациите на “големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени.Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни.Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на "Алтернатива" и да престанат манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец.

Либерално-демократска партија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан