• недела, 22 декември 2024

Лајчак ја поздрави одлуката за повлекување на 25 отсто од косовската полиција

Лајчак ја поздрави одлуката за повлекување на 25 отсто од косовската полиција

Брисел, 3 август 2023 (МИА) – Специјалниот пратеник на Европска Унија за дијалог помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска ја поздрави одлуката за намалување за 25 отсто на бројот на членовите на косовската полиција во и околу општинските згради во северниот дел о д Косово, што беше усвоено на состанокот на претставници на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР.

- Го поздравувам првиот заеднички договор меѓу косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР во Братислава. Ова е важен чекор кон деескалација на тензиите на северот на Косово, напиша Лајчак на својот профил на мрежата Икс, порано позната како Твитер.

Од косовската полиција претходно денеска беше соопштено дека на средбата било оценето дека безбедносната состојба во и околу објектите во северните општини е добра. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан