• вторник, 01 октомври 2024

Лашкоска: СДСМ гласаше против укинувањето на Пржинската влада

Лашкоска: СДСМ гласаше против укинувањето на Пржинската влада
Скопје, 10 февруари 2022  Почитувани, Денес, СДСМ гласаше против укинувањето на таканаречената Пржинска влада и повторно го покажа на дело своето лицемерие. Иако во јавноста се изјаснуваа дека се согласуваат за укинување на Пржинската влада, денес на еден кукавички начин повторно избегаа од избори. Ние сме свесни дека ќе СДСМ направи се за што подолго да остане на власт бидејќи знаат дека на наредните парламентарни избори ќе бидат казнети од граѓаните за своите штетни политики. Денес, СДСМ покажаа дека се се плашат од парламентарни избори и со одбивањето за укинувањето на Пржинската влада се обидуваат да избегаат од одговорност за сите штетни политики и криминали со кои ја доведоа државата на дното и сериозно го нарушија нејзиниот меѓународен углед. Сакаме да им порачаме на СДСМ дека предвремените парламентарни избори се единствениот излез од оваа агонија во која ги доведоа македонските граѓани и конечно да престанат да нанесуваат штети што оставаат катастрофални последици бидејќи Република Македонија и нејзините граѓани се поважни од нивните функции, криминали и тендери. Ви благодарам. изјава за медиуми на Ане Лашкоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан