• петок, 05 декември 2025

Лаутаро го пропушта реваншот со Барселона во Лигата на шампионите

Лаутаро го пропушта реваншот со Барселона во Лигата на шампионите

Милано, 2 мај 2025 (МИА) - Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, најверојатно ќе го пропушти реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Напаѓачот беше принудно заменет на полувремето од првиот натпревар, кој заврши 3:3.

По опсежните прегледи утрово, беше откриено дека Аргентинецот има „издолжување на флексорните мускули на левиот бут. Неговата состојба ќе се следи од ден на ден“. Ова е официјалната информација од клубот во врска со повредата на Лаутаро.

Според „Скај Италија“, закрепнувањето од таква повреда трае околу една недела.

Ова значи дека е малку веројатно дека ќе се опорави за реваншот со Барселона. Најдоброто сценарио за „нероазурите“ е тој да биде на клупата за натпреварот во вторник. дс

Фото: Архива

Остани поврзан