• понеделник, 23 декември 2024

Лаури за МИА: Целта на естонската дигитална трансформација не беше членството во ЕУ и НАТО, туку подобри јавни услуги и бизнис инфраструктура

Лаури за МИА: Целта на естонската дигитална трансформација не беше членството во ЕУ и НАТО, туку подобри јавни услуги и бизнис инфраструктура
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Целта на естонската дигитална трансформација никогаш вистински не беше за да станеме членка на ЕУ или НАТО, иако процесите се меѓусебно поврзани. Првите јавни дебати во доцните 90-ти години на миантиот вел околу потребата за подобри јавни услуги и подобра инфраструктура за вршење бизнис во Естонија доведе до првичното согледување дека вистинската промена во нивоата на услугите не може да се постигне без промена на начинот на кој владата ги дава услугите.

Ова во интервју за МИА го вели Лаури Табур, главен експерт на Естонскиот центар за меѓународен развој и поранешен ректор на Естонската академија за безбедносни науки.

- Се вели дека за да се промени една култура потребна е една генерација (од 25 години). Ние го немавме тоа време на располагање, па така моравме да го промениме процесот на давање услуги и се обидовме да ги поддржиме новите процеси преку дигитални решенија. Она што навистина се случи беше дека новите процеси, поддржани преку дигитализацијата, многу често создаваа нови и многу поефикасни начини за испорака на услуга. Ефикасноста беше нешто што ни беше навистина потребно за да се оттргнеме од стариот советски систем, вели Табур, кој е дел од естонската делегација што ја посети земјава по повод почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, што ќе се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД.

Запрашан за естонските искуства кои Северна Македонија може да ги примени во однос на дигитализацијата на општеството како значаен дел во процес на евроинтгерација, Табур е дециден дека првото и најважно искуство би било да се постигне согласност околу целта - што сакаме да постигнеме и кои би биле најважните 2-3 чекори за да ја постигнеме таа цел.

- Дигитализацијата не е нешто само за себе, иако дигитализацијата е нешто за што речиси сите зборуваат во денешно време. Како и во примерот со Естонија, целта не беше да се дигитализира, туку да се оттргнеме од советскиот начин на работење. Критична маса во јавните институции сфати дека промена на начинот на кој тие даваат услуги може да се поддржи преку дигитализација. И кога процесите се дигитализираа, почнаа да се појавуваат нови услуги, бидејќи новото окружување со дигитални услуги даваше неограничени можности за понатамошен развој на услугите, нагласува експертот од Естонија, која денес важи за земја модел во однос на примената на ИКТ технологијата во Европа.

Во интревјуто, кое МИА ќе го објави утре, Лаури Табур говори и за придобивките од дигитализацијата, за средства од буџетот кои ги издвојува годишно Естонија за ИКТ секторот, за условите во Северна Македонија за развој на информатичкото општетство,  како и за електронскиот систем на гласање на избори што Естонија го применува од 2005 година. вг/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан