• среда, 26 јуни 2024

Лауреат на МТФ „Денови на комедија 2024“ е актерот Сашко Коцев

Лауреат на МТФ „Денови на комедија 2024“ е актерот Сашко Коцев

Куманово, 27 мај 2024 (МИА) -  Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија денеска од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

- Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2024 е актерот Сашко Коцев. Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово доделува награда „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедијата, велат од установата.

Наградата, како што соопшти директорот на установата, Сашо Тодоровски ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот „Денови на комедија 2024“ кон крајот на септември, годинава.

Членовите на Советот на фестивалот одлучија наградата „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност да му припадне на актерот Сашко Коцев.

- Изминативе шест години лауреати на Фестивалот беа Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Стојна Костовска, Благоја Чоревски и Коле Ангеловски. Оваа 2024 година Советот на Фестивалот одлучи наградата Васил Иљоски која се доделува за особен придонес во театарската уметност особено во делот на комедијата да ја добие нашиот актер Сашко Коцев, додава Тодоровски. ам/дма/


Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Остани поврзан