Лас Вегас домаќин на Супербоул 2029
- Втор пат во период од години, Лас Вегас ќе биде домаќин на Супербоул изданието во 2029, одлучено е денеска на состанокот на сопствениците на НФЛ во Феникс.
Феникс, 31 март 2026 (МИА) – Втор пат во период од години, Лас Вегас ќе биде домаќин на Супербоул изданието во 2029, одлучено е денеска на состанокот на сопствениците на НФЛ во Феникс.
Претходно, Лас Вегас беше домаќин на најголемиот годишен спортски настан во САД во 2024 година, кога Канзас Сити триумфираше над Сан Франциско со 25-22.
„Возбудени сме што го враќаме Супербоулот во Лас Вегас и им нудиме на нашите фанови уште едно неверојатно искуство во една од најголемите спортски и забавни дестинации во Америка“, рече комесарот на НФЛ, Роџер Гудел.
Овогодишниот Супербоул се одржа во Санта Клара, следната година ќе се игра во Лос Анџелес, додека домаќин во 2028 година ќе биде Атланта. ег
ФОТО: Архива