Лапид: Единствен начин да се спречи владеење на Хамас во Газа е дипломатски договор со Палестинската управа
- -Секој што вчера виде како стотици илјади жители на Газа го преминуваат Некаримскиот коридор и се враќаат во северниот Појас (Газа), разбира дека војната е завршена, рече Лапид на конференција во Тел Авив организирана од група команданти на израелски безбедносни групи , соопшти „Тајмс“ од Израел.
Тел Авив, 28 јануари 2025 (МИА) - Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска изјави дека единствен начин да се спречи владеењето на Хамас во Газа и да се воспостави регионална безбедност е учеството во поширок дипломатски договор со регионалните актери, вклучително и со Палестинската управа. (ПА).
-Секој што вчера виде како стотици илјади жители на Газа го преминуваат Некаримскиот коридор и се враќаат во северниот Појас (Газа), разбира дека војната е завршена, рече Лапид на конференција во Тел Авив организирана од група команданти на израелски безбедносни групи , соопшти „Тајмс“ од Израел.
Според него, доколку Израел не започне голем дипломатски процес, Хамас едноставно ќе се врати да владее со Газа, а Израел ќе пропушти историска шанса.
Меѓутоа, рече тој, „тоа нема да се случи со оваа влада на Нетанјаху“, во голема мера затоа што премиерот рече дека одбива „да прифати дека Палестинската управа ќе има улога во Газа“.
Лапид додаде дека без вклучување на Палестинската управа во Појасот Газа, „Саудијците, Емиратите, Египќаните, Јорданците нема да бидат вклучени“.сд/
фото:МИА архива