• среда, 15 мај 2024

Лампард: Челзи има визија и сака да оди напред

Лампард: Челзи има визија и сака да оди напред

Лондон, 8 април 2023 (МИА) - Тренерот на Челзи, Френк Лампард, зборуваше за неговиот тим и е уверен дека „сините“ можат да напредуваат.

 

- Од разговорите што ги имав со носителите на одлуки и менаџерите на клубот, сите тие беа навистина позитивни. Тие ми беа многу интересни. Бев на чело на Дерби, Челзи, Евертон, па добив идеја за тоа што мислам дека е клуб кој навистина има визија и сака да оди напред. Станува збор за добри луѓе кои работат во вистинската насока, соработуваат, разговараат и се обидуваат да го најдат вистинскиот пат. Го познавам клубот и мислам дека е позитивно за мене што сум во таа улога сега. Па ќе видиме, изјави Лампард за официјалниот сајт на Челзи.

 

Челзи го отпушти Греам Потер на крајот на минатата недела. „Сините“ се наоѓаат на 11. место во поредокот во Премиер лигата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан