• понеделник, 23 декември 2024

Ламборгини почна да произведува маски и медицински визири

Ламборгини почна да произведува маски и медицински визири
Милано, 2 април 2020 (МИА) - Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборгини денеска објави дека почнал со производство на маски и медицински визири. Ова е нов пример за трансформација на производството во екот на пандемијата на новииот коронавирус. Други италијански компании, од луксузниот сегмент или модниот сектор, веќе ги пренаменија фабриките за да произведуваат медицински производи. Таков е случајот со дизајнерот Џорџо Армани, чии италијански фабрики произведуваат заштитна облека за медицински персонал, вклучен во борбата против пандемијата. „Прада“ исто така произведува маски и заштитна облека. Компаниите за текстил Калцедониа и за спортска опрема Спортива - почнаа со производство на маски. јт/зш/  

Остани поврзан