• сабота, 13 јули 2024

Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“

Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“

Битола, 16 октомври 2023 (МИА) - Шахистот на Алкалоид, интернационалниот мајстор Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои првото место на турнирот „Шах-шех Вавилон Опен“ што викендов се одигра во Битола.

Лазов пред два месеца на екипниот Шампионат на Македонија во Охрид, исто така покажа одлична игра, освојувајќи шест поени од шест партии, со што се издвои како најуспешен играч.

Турнирот во Битола се играше според правилата за забрзан шах, односно 10 минути по играч, плус 5 секунди за секој потег, а настапија над 170 шахисти.

Фото: ШК Алкалоид

Остани поврзан