• петок, 21 февруари 2025

Лазаров по поразот: Се боревме многу и верувавме во позитивен резултат

Лазаров по поразот: Се боревме многу и верувавме во позитивен резултат

Вараждин, 17 јануари 2025 (МИА) - Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32.

Тој изјави дека мора да се погледнат грешките направени од овој натпревар и дека можеби не бевме доволно добри за да победиме.

-  Можеби Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме до позитивен резултат, изјави Лазаров.

Македонија последниот натпревар од групната фаза го игра против репрезентацијата на Гвинеја во недела и со победа има шанса за пласман во втората фаза. дс

Фото: МИА

Остани поврзан