• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лазарини: Единствената алтернатива за работата на УНРВА на Блискиот Исток е функционална палестинска држава

Лазарини: Единствената алтернатива за работата на УНРВА на Блискиот Исток е функционална палестинска држава

Анталија, 11 април 2025 (МИА) - Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини денеска оцени дека единствена алтернатива за работата на таа агенција на Блискиот исток е функционална палестинска држава.

„Единствената алтернатива за нас, нашата агенција, е целосно функционална палестинска држава и целосно функционални палестински институции“, изјави тој на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.

Лазарини додаде и дека „нема друг избор освен да се продолжи со решавање на ова прашање“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан