• петок, 05 декември 2025

Лажни дојави за бомби во две училишта и Музеј

Лажни дојави за бомби во две училишта и Музеј

Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, наведуваат од МВР.

Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби. ев/вг/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан