• петок, 05 декември 2025

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Вашингтон, 23 август 2025 (МИА) – Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард денеска изјави дека приливот на странски работници ја поттикнал економијата во еврозоната во изминатите години и оти тие помогнале да се компензираат пократкото работно време и пониските реални плати.

Таа, на годишниот симпозиум на американските Федерални резерви (ФЕД), што се одржува во Џексон Хол, во американската сојузна држава Вајоминг, посочи дека миграцијата во Европска Унија довела до рекорден број на жители во Унијата и покрај негативниот природен раст, но дека владите на земјите-членки на ЕУ ги ограничуваат новите пристигнувања поради незадоволството на населението на тие земји.

Лагард потенцира дека растот на бројот на работници во еврозоната ја поддржа економијата во ЕУ и покрај трендот за намалување на бројот на работни часови и пад на животниот стандард во некои области. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан