Лавров: Русија се противи на политизацијата на буџетот на ОБСЕ
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека не се согласува со политизацијата на буџетот на Организацијата на безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), пренесоа руските медиуми.

Москва, 11 март 2025 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека не се согласува со политизацијата на буџетот на Организацијата на безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), пренесоа руските медиуми.
„Она со што не се согласуваме е дека документот за буџетот, кој е чисто прагматичен и технички, е оптоварен со политички проценки, како што се обидуваат да направат нашите западни колеги, а потоа ја обвинуваат Русија дека не сака да го исполитизира буџетот за да не биде усвоен“, рече Лавров на прес-конференција со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.
Лавров на тој начин одговори и на прашањето во врска со тоа што раководството на оваа организација во повеќе наврати го тврдеше дека буџетот не е договорен од 2022 година, бидејќи за тоа е виновна Русија.
Синирлиоглу е во посета на Русија во моментот кога украинските беспилотни летала извршија масовен напад врз Москва, па имал можност да ги види последиците што ги оставиле беспилотните летала врз станбена зграда во областа Видноје. рп/
Фото: МИА архива