• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Повлекувањето странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија

Лавров: Повлекувањето странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија
Москва, 21 јануари 2022 (МИА) - Повлекувањето на странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговарајќи на прашањата од медиумите што Министерството за надворешни работи на Русија ги објави денеска на својата веб-страница.
Москва бараше правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе престане да се шири на исток и ќе се врати на границите од 1979 година. На прашањето што значи тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството наведува дека Русија сака сета странска опрема и војници да се повлечат од тие земји, пренесува агенцијата ТАСС. „Станува збор за повлекување странски војници, опрема и оружје, како и за други чекори насочени кон враќање на ситуацијата од 1997 година во земјите кои во тоа време не беа членки на НАТО. Тоа ги вклучува и Бугарија и Романија“, рече Лавров. паг/    

Остани поврзан