• четврток, 26 март 2026

Лавров: Не е планирана средба Путин – Зеленски

Лавров: Не е планирана средба Путин – Зеленски

Москва, 22 август 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски.

- Нема планиран состанок … Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред, истакна Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си (НБЦ).

Тој се осврна и на резултатите од самитот Русија – САД на Алјаска, истакнувајќи оти Русија покажала флексибилност по низа прашања иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот Трамп предложи неколку точки по Енкориџ, за некои имаме исто мислење, а за некои се согласивме да покажеме одредена флексибилност, наведе Лавров. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан