• четврток, 26 март 2026

Лавров во посета на Иран

Лавров во посета на Иран

Техеран, 25 февруари 2025 (МИА) – Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска пристигна во Иран на состанок со иранските владини претставници.

За сега не е позната темата на разговори, но посетата на Лавров на Техеран е во момент кога Западот и Украина го обвинуваат Иран дека и испорачува на Русија стотици дронови за напади врз украинските градови.

И Москва и Техеран ги негираат обвиненијата, но иранските беспилотни летала од типот Шахед повеќепати се забележани во нападите врз украинската инфраструктура. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан