• сабота, 08 ноември 2025

Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите

Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите

8 октомври 2025

Во современ Центар нема место за поделби – има место за луѓе. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар, се наведува во соопштнеито од ЗНАМ; што МИА го пренесува интергално.

„Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието,“ изјави Лабудовиќ.

Во фокусот на новите политики ќе бидат социјалната грижа и локалната економија – два стожери на човечка и функционална општина.

Општината ќе спроведе проект за формирање дневни центри и „Сениор Центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници.

Дополнително, ќе се воведе и проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените.

„Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните,“ потенцираше Лабудовиќ.

Паралелно, тој најави силен фокус на локалниот економски развој и поддршката на малите и семејни бизниси, кои се двигател на Центар.

Со формирање на општински фонд за мали и средни бизниси, Општината ќе обезбеди финансиска и советодавна помош за нови претприемачи, стартапи и занаетчии.

Ќе се организираат саеми на локални производи, како и програми за модернизација на трговските улици и пазарите, за подобрување на условите за работа на малите стопанственици.

„Центар има талент, има креативност и има можности. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина токму овде – да основаат сопствени бизниси, да создаваат вредност и да останат во својата земја,“ изјави Лабудовиќ.

„Нашата визија е едноставна – општина која не дели, туку спојува. Каде секој глас е слушнат, секој труд е вреднуван, и секој граѓанин чувствува дека припаѓа. Само така ќе создадеме Центар кој живее, дише и расте со сите нас,“ заврши Лабудовиќ.

Со овие системски решенија, Центар ќе стане модерна, праведна и човечна општина – општина што ги штити вредностите, го поддржува развојот и создава можности за сите.

Линк до видео изјава: https://www.swisstransfer.com/d/08a42b53-8267-4253-a30c-d14d9f2a8c7c

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија

Остани поврзан