• недела, 22 декември 2024

„Лабораториум“ финалист на наградите од Европската Комисија „New European Bauhaus Project”

„Лабораториум“ финалист на наградите од Европската Комисија „New European Bauhaus Project”

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Културно-едукативниот центар во Скопје „Лабораториум“ е еден од 50 финалисти на фестивалот „New European Bauhaus Project“, каде што се доделуваат престижни награди за иновативни, одржливи или инклузивни проекти од цела Европа.

Фестивалот се оджува по четврти пат во организација на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Со преку 520 пријавени проекти, Лабораториум од Скопје беше избран за еден од 50 финалисти во една од десет категории, односно финалист во категоријата „Prioritising the places and people that need it the most”. Избраните финалисти ги сочинуваат само оние проекти во кои Европската Комисија согледала голем потенцијал, а воедно ги прествавуваат вредностите и целите на Комисијата, соопштија од Културно-едукативниот центар.

„Лабораториум“ беше номиниран поради својата иновативност при пренаменување на стар индустриски објект - поранешната печатница на Нова Македонија, во нов простор за културно-едукативни збиднувања кои ги поддржуваат креативните индустрии и ја помагаат независната уметничка сцена во Скопје.

Воедно центарот работи и на воспоставување на едукативна програма која ќе ги возобнови рачната изработка и занаетчиството.

Настанот се одржа во музејот на Историја и уметност во Брисел во Белгија. Апликацијата за проектот ја подготвија Јана Павловска и Калина Дуковска кои воедно беа и на доделувањето во Брисел.

Во рамки на центарот, има и изложбено-продажен дизајн маркет (ЛабДизајнМаркет) каде 20 локални занаетчии и дизајнери ги претставуваат своите рачно изработени дела, со што се гради една заедница на дизајнери.

Маркетот е отворен секој вторник до сабота од 12 до 18 часот. бт/бак/

Фото: „Лабораториум“

 

Остани поврзан