Куња им пресуди на „црвените ѓаволи“: Вулверхемптон лесно го победи Манчестер Јунајтед на „Боксинг деј“
- Рубен Аморим беше претставен како спасител на Манчестер Јунајтед, но тој е само уште еден тренер во низата кој очигледно не може да го извади гигантот од калта. Вулверхемптон на домашен терен славеше против „црвените ѓаволи“ со резултат 2:0 (0:0) во 18. коло од Премиер лигата.
Вулверхемптон, 26 декември 2024 (МИА) - Рубен Аморим беше претставен како спасител на Манчестер Јунајтед, но тој е само уште еден тренер во низата кој очигледно не може да го извади гигантот од калта. Вулверхемптон на домашен терен славеше против „црвените ѓаволи“ со резултат 2:0 (0:0) во 18. коло од Премиер лигата.
Португалецот штотуку го презеде тимот, се уште нема донесено засилување, но евидентно е дека нема многу фудбалери во црвениот дрес кои го импресионираат. Манчестер има долг пат да помине ако воопшто сака да размислува за каков било резултат.
За тимот на Јунајтед ова е само втор пораз на „Боксинг деј“ овој век, а дојде пред се поради фактот што нивниот капитен Бруно Фернандеш беше исклучен од мечот поради втор жолт картон во 47. минута од натпреварот, што ги принуди „црвените ѓаволи“ неуспешно да се бранат со 10 играчи.
Тоа е клуб кој е навикнат на успеси, а нема постигнато таков откако Мурињо беше „на власт“ во 2017 година. Следствено, тие стануваат сè помалку нетрпеливи додека тонат се подлабоко и подлабоко. Доживеаја нов пораз од Вулверхемптон, но не боли само поразот, туку тоа што не успеаја да ја затресат мрежата на тимот кој прими убедливо најмногу голови сезонава (40).
На „волците“ тоа им успеа само против Саутемптон - најлошиот офанзивен тим во Премиер лигата.
На крајот, втора последователна победа на „волците“ со новиот менаџер Витор Переира на клупата. Ова е екипа која со добра игра се „извади“ од зоната за испаѓање и со тоа го освои 15-от бод во Премиер лигата.
Што се однесува до Манчестер Јунајтед – никогаш полошо издание, со четврти пораз во последните пет натпревари се наоѓа на 14. место на табелата, со што е се поблиску до опасната зона и битката за опстанок во Премиерлигата.
Резултати од Премиер лига, 18 коло
Четврток:
Манчестер Сити - Евертон 1:1 (1:1)
/Силва 14 - Ендијај 36/
Бурнмаут - Кристал Палас 0:0
Челси - Фулам 1:2 (1:0)
/Палмер 16 - Вилсон 82, Муниз 90+5/
Њукасл - Астон Вила 3:0 (1:0)
/Гордон 2, Ајзак 59, Џолинтон 90+2/
Нотингем Форест - Тотенхем 1:0 (1:0)
/Еланга 28/
Саутемптон - Вест Хем 0:1 (0:0)
/Бовен 59/
Вулверхемптон - Манчестер Јунајтед 2:0 (0:0)
/Куња 58, Хванг 90+8/
Ливерпул - Лестер 21.00 часот
Петок
Брајтон - Брентфорд 20.30 часот
Арсенал - Ипсвич 21.15 часот. дс
Фото: Принтскрин