• петок, 22 ноември 2024

Кутињо не сака да зборува за својата иднина

Кутињо не сака да зборува за својата иднина
Минхен, 21 август 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баерн (Минхен), Фелипе Кутињо не сака да ја коментира својата иднина. Бразилецот игра за Баварците на позајмица од Барселона, но тој сигурно нема да остане во германскиот клуб. Во недела е неговиот последен натпревар - против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. - Сè уште не размислувам за мојата иднина, бидејќи сум целосно фокусиран на финалето во Лигата на шампионите. Сите мои размислувања се однесуваат на претстојниот натпревар. Ова ќе биде единствена можност за нас. Јас сум многу среќен што сум во оваа фаза на турнирот, рече Кутињо. Новиот тренер на Барса, Роналд Коман, исто така, ќе има збор во иднината на кариоката.

Тагови

Остани поврзан