• четврток, 04 декември 2025

Куртоа се враќа во белгиската репрезентација

Куртоа се враќа во белгиската репрезентација


Брисел, 24 февруари 2025 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа (32) изјави денеска дека е подготвен да се врати во репрезентацијата на Белгија следниот месец, откако поранешниот селектор Доменико Тедеско доби отказ.
Куртоа го пропушти минатогодишното ЕУРО во Германија поради конфликт со Тедеско, а последниот настап за Белгија го имаше во јуни 2023 година.
„Ми недостигаше репрезентацијата, но сега сум подготвен да се вратам“, изјави Куртоа, појавувајќи се на поткастот кој го води поранешниот англиски дефанзивец Рио Фердинанд.
И новиот белгиски селектор Руди Гарсија по разговорот што го имал со Куртоа изјави дека би сакал да го има искусниот голман во тимот. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан