• петок, 05 декември 2025

Куртоа се врати во белгиската репрезентација

Куртоа се врати во белгиската репрезентација

 

Брисел, 14 март 2025 (МИА) – Голманот на мадридски Реал, Тибо Куртоа, по двегодишна пауза се врати во репрезентацијата на Белгија.

Куртоа се најде на списокот повикани играчи за претстојните натпревари на Белгија во Лигата на нации.

Белгија, која е во група со Македонија во мундијалските квалификации, на крајот од овој месец ја очекуваат дуелите против Украина, во Лигата на нации, на 20 и 23 март.

Куртоа се повлече од белгиската репрезентација во 2023 година поради конфликт со поранешниот селектор Доменико Тедеско. Причината беше капитенската лента која му беше доделена на Ромелу Лукаку. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан