• недела, 21 јули 2024

Куртоа опериран, ќе пропушти околу два месеца

Куртоа опериран, ќе пропушти околу два месеца

Мадрид, 20 март 2024 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е опериран по новата повреда. Куртоа вчера го скина менискусот на тренинг на „Кралскиот клуб“.

Денес, според прес-службата на Реал Мадрид, Тибо е успешно опериран. Се очекува голманот да започне со закрепнување во наредните денови.

Новинарот на „The Athletic“, Марио Кортеган, повикувајќи се на извори во клубот, Куртоа ќе пропушти околу два месеца.

Последниот официјален натпревар Куртоа го одигра на 17 јуни – за националниот тим. Тој играше и за Реал Мадрид на летните пријателски натпревари, но во август ги скина вкрстените лигаменти на коленото и беше опериран. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан