• недела, 22 декември 2024

Курти најави присуство утре во Брисел на состанок со Борел

Курти најави присуство утре во Брисел на состанок со Борел

Рим, 21 јуни 2023 (МИА) - Премиерот Косово, Албин Курти денеска најави дека утре од Рим ќе отпатува за Брисел на средба на високо ниво во рамки на дијалогот со Белград што го свика шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.

Курти на Твитер објави дека во Брисел ќе инсистира на итно и безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци, деескалација и нормализација на односите.

„Ја одредив мојата рута утре од Рим да одам во Брисел, и го потвдрувам моето учество на состанокот за дијалог на високо ниво свикан од високиот претставник Борел“, наведе Курти. зш/

Остани поврзан