• петок, 22 ноември 2024

Курти: Да бидеме заедно почесто не само на прослави 

Курти: Да бидеме заедно почесто не само на прослави 

 

 

Тирана, 27 ноември 2022 (МИА) - Косовскиот премиер Албин Курти во својот говор на заедничката седница на парламентите на Албанија и на Косово, што се одржува во Тирана, чеситајќи го Денот на независнота рече дека треба да бидат заедно не само на празници. Тој додаде дека треба да се заборават непријателствата меѓу двете земји и дека треба да се „бориме заедно, не само политичарите, туку и целата нација“. 

Според него на секој успех на владите на Албанија, и претходните и сегашната, се радува Косово и обратно. 

-На овој ден да ги ставиме рацете на срце, да прашаме дали сме ја извршиле должноста за државата, да си ги препознаеме грешките, да ги заборавиме непријателствата што не разделуваат, да се ракуваме и да се заколнеме дека денес и назад ќе се бориме за честа на нашата нација. Треба почесто да бидеме заедно, не само ние политичарите, да работиме заедно. Додека демократијата доаѓаше во Источна Европа, голем политиколог рече дека албанските политичари, нагласувајќи ја поделеноста, им даваат причини на оние кои сакаат да ги видат поделени. Утре славиме 110 години од независноста во Валона. Во Косово се радуваме на секој успех на владата, и претходните и сегашната. Направивте големи чекори. Посакувам успесите да не престанат и да се додадат на знамето, рече Курти. 

Потсети дека денеска се одбележува 25 години од формирањето на националната армија на Косово.  

-Албанија направи големи чекори напред, денес е земја членка на НАТО, членка на Обединетите нации и направи значителни чекори на различни полиња. Посакуваме успесите на Албанија да не престанат. Сигурен сум дека и во Албанија се радуваат на успесите на Косово. Веќе го имаме заедничкиот буквар и работиме на заедничкиот енциклопедиски речник. Ги обединивме пазарите на трудот со Албанија и работиме на обединување на царината, рече тој.  вт/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан