• сабота, 21 декември 2024

Куомо: Западниот регион во Њујорк од утре повторно се отвора

Куомо: Западниот регион во Њујорк од утре повторно се отвора
Њујорк, 18 мај 2020 (МИА) - Регионот во западниот дел на Њујорк, во кој спаѓаат Нијагарините водопади, ќе стане шестиот регион во државата Њујорк, кој од утре повторно ќе почне да се отвора, изјави гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на дневниот брифинг. Тој исто така рече дека ќе ги охрабри професионалните спортски тимови да играат без навивачи. Пет региони во централниот и горниот дел на државата Њујорк во петокот добија зелено светло да ја започнат првата фаза од повторното отворање, откако ги исполнија седумте критериуми поврзани со бројот на хоспитализирани и заразени со коронавирусот. Куомо рече дека западниот регион, во кој спаѓаат Алеџани, Ири и Нијагара, е подготвен да се отвори утре, почнувајќи со градежништво, производство и некои објекти за малопродажба. Гувернерот на Њујорк изјави дека во изминатите 24 часа, бројот на починати во Њујорк се зголемил за 106, што е помалку од вчера, кога беше 139. Според него, бројот на хоспитализирани е малку помал во однос на претходниот ден и изнесува 5.897. Куомо повтори дека е негативен на коронавирусот. јт/

Остани поврзан