• вторник, 19 ноември 2024

Куомо: Њујорк се „затвора“ в петок во 22 часот

Куомо: Њујорк се „затвора“ в петок во 22 часот
Њујорк, 12 ноември 2020 (МИА) - Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, откако нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата земја да бидат затворени во 22 часот, објави Си-ен-би-си њуз. Новите мерки ќе стапат во сила в петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други земји во Соединетите Американски Држави ги заострија ограничувачките мерки. „Ова е нашата последна шанса да го запреме вториот бран“, порача градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, на Твитер. Тој наведе дека просечната стапка на позитивни тестови за една недела е 2,5 проценти. Државните училишта ќе бидат затворени и ќе се ремине на онлајн настава доколку стапката надмине три проценти. паг/  

Остани поврзан