• петок, 05 декември 2025

Куминга за уште две години го продолжи договорот со Голден Стејт

Куминга за уште две години го продолжи договорот со Голден Стејт

 

Сан Франциско, 1 октомври 2025 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Џонатан Куминга, потпиша нов двегодишен договор со НБА лигашот од Сан Франциско, јавија американските медиуми.

Новиот договор, за кој двете страни, преговараа два месеци, е во вредност од 48,5 милиони долари.

Голден Стејт му понуди на 22-годишниот крилен играч тригодишен договор вреден 75 милиони долари, но Куминга се одлучи за двегодишен договор за да има „поголема контрола врз неговата иднина со Вориорс“, објави телевизијата ЕСПН.

Куминга беше избран од Голден Стејт како седми избор на НБА драфтот во 2021 година, а една година подоцна ја освои шампионската титула.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан