• петок, 22 ноември 2024

Куман ќе се потпира на Кутињо

Куман ќе се потпира на Кутињо
Барселона, 6 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска Филипе Кутињо следната сезона ќе игра за Барселона. Новиот тренер на Каталонците, Роналд Куман има намера да се потпира на Бразилецот, пренесува „Марка“. Раководството на Барселона во моментов не ја разгледува можноста за отстапување на играчот. Кутињо сепак може да го напушти шпанскиот клуб, но само под услов да се плати значителна сума за него. Минатата сезона Кутињо играше за Баерн, кој плати 8,5 милиони евра за да го изнајми 28-годишникот. Баварците имаа можност да го купат Бразилецот за 120 милиони евра, но се откажаа. На сите турнири, Кутињо одигра 38 натпревари за Баерн Минхен и постигна 11 гола, од кои 2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Барселона (8:2). Договорот на халфот со Каталонците истекува на 30 јуни 2023 година.

Тагови

Остани поврзан