• вторник, 03 септември 2024

Куман: Ван Дајк ќе игра за Холандија барем до Светското првенство во 2026 година

Куман: Ван Дајк ќе игра за Холандија барем до Светското првенство во 2026 година

Лондон, 3 септември 2024 (МИА) - Капитенот Вирџил ван Дајк ќе настапува за репрезентацијата на Холандија барем до Светското првенство во 2026 година, објави селекторот Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина.

Холандија се пласираше во полуфиналето на Евро 2024, каде беше елиминирана од Англија.

-Беше важно да се видиме и да разговараме. Сакав да знам дали има намера да игра за репрезентацијата со полна брзина во следните две години и тој позитивно одговори на моето прашање. Јас исто сакам тој да биде во тимот. Ако некој имал сомнежи во Вирџил, тогаш тие треба да останат во историјата, рече Куман, цитиран од „Скај Спортс“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан