• понеделник, 23 декември 2024

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези
Куманово, 24 мај 2020 (МИА) - Двајца доктори од Куманово, Надица Мехмедовиќ, анестезиолог до државата кардиохирургија и Александар Трифуновски хирург-уролог беа дел од тимовите кои учествуваа во трансплантација на срце и бубрези од ист донор. Кумановци се горди на своите сограѓани кои учествуваа во трансплантацијата и се радуваат на успехот кој беше постигнат во саботата на Киниката за кардиохирургија. Двајцата лекари велат дека нивните тимови биле исклучително подготвени. Докторката Надица Мехмедовиќ работи на Кардиохирургија од 2014-та и вели дека тимот за трансплантација бил голем, под водство на стручен и врвен тим на кардиохирурзи го дал својот максимум. - Постојат измешани чувства во моментов во смисла на среќа заради можноста да се учествува во испишување на историјата, чувство на возбуда додека се чека првото отчукување на срцето кое не чукало со минути, чувство на одговорност кон животот што Иван ни го довери, претпазливост да не погрешиме во ниту еден чекор, почит кон пациентката донор, страв од отфрлање на срцето, притисок кој постои заради самата приказна, замор од сето ова погоре кажано и најмногу од се грижа како ќе се одвива здравствената состојба на нашиот пациент. Позади целата приказна за јавноста стои некој кој без престан стои до неговиот кревет и внимава на секој детал. Позади целата  еуфорија, некој таму позади мора да е тивок, смирен и посветен на Иван. Завршивме голема работа, но во моментов и во наредниот период имаме уште многу да поминеме. Ме прашувате дали сум задоволна. Јас како личност ќе бидам задоволна кога ќе можам да му ја вратам на раката алката што ми ја даде да му ја чувам до моментот кога се ќе биде во ред, вели доктор Надица Мехмедовиќ. И вториот лекар од Куманово, Александар Трифуновски кој учествуваше во тимот на доктори, предводени од доктор Сашо Дохчев вели дека е исклучително значајно што за прв пат се случува трансплантација на органи од ист донор со кој се спасуваат живот на различни пациенти. -Дарувањето на органи е најголем знак на човекољубие-вели Трифуновски, кој веќе четири и пол години работи како хирург уролог на Клиниката за урологија. ам/оџ/

Остани поврзан