• понеделник, 23 декември 2024

Кумановци ги разгледаа опремата и средства кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром Аџитепе

Кумановци ги разгледаа опремата и средства кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром Аџитепе

Куманово, 21 мај 2023 (МИА) - Голем број граѓани од Куманово и соседните општини денеска присуствуваа на презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 2) на спортскиот аеродром Аџитепе.

Граѓаните имаа можност да разгледаат хеликоптери, оклопни возила, амбулантски, воздухоплови, воени возила и опремата кои ги користат од армиите на Соединетите Американски Држави и на Република Северна Македонија.

Потполковник Јонче Лазаревски, одговорен офицер за реализација на вежбата, изјави дека овој ден е наменет за дружба со граѓаните и презентација на поголемиот дел од поважната опрема која ќе биде користена за време на вежбата.

-Тука со нас се и нашите партнери од САД и поголемиот број на летала кои ќе бидат користени за вежбата. Дополнително и сите оклопни возила кои ќе бидат користени за време на вежбата како од македонската армија така и од армиите учесници на вежбата. Поставени се точките каде може да се види и планинарска, падобранска опрема и во соработка со општината имаме изложба и оркестар кој го збогатува настанот, кажа Лазаревски.

Граѓаните имаа можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV“, Хермелин и „HMMWV“.

-Бевме поканети да ја изложиме опремата пред граѓаните на Северна Македонија. Вакви слични настани имаме дома и возбудени сме затоа што градиме пријателство со локалната заедница. Имаме доста воени летала, тие припаѓаат на друга единица, од мојот баталјон имаме повеќе оклопни возила, амбуланти и ново возило, изјави Леди Бета, потполковник од Армијата на САД.

И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски присуствуваше на настанот и кажа дека ова е интересен настан на кој граѓаните можат да видат дел од воено-техничка опрема на македонската и армијата на САД.

- Гледам дека има голем интерес за настанот, ја поздравувам оваа активност, изјави Димитриевски.

Граѓаните ги разгледаа и возилата од видот „Хамви“ со различен вид вооружување, специјализирани АБХО и амбулантно возило, лесното тактичко оклопно возило „JLTV“, оклопни возила „Кобра“ и „Хармелин“ Падобранска опрема, Алпинистичка, Нуркачка, АБХО и друга опрема. Интерес предизивика и софистицирано возило т.н. „PROJECT ORIGIN“, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии. На настанот присуствуваа и ученици од кумановската гимназија со музички точки, како и ученици кои презентираа цртежи.

Вежбата „Immediate Response 23“, која официјално почнува утре, ќе биде најголема реализирана вежба во државата оваа година, со учество на Армии на четири НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1.850 учесници, соопшти Армијата.ам/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан