Кумановскиот театар утре премиерно ќе ја изведе претставата „Дедо Мраз во веселата шума“
- Кумановскиот театар утре со почеток во 18 часот во Центарот за култура, премиерно ќе ја изведе новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“, информираа на денешната пресконференција надлежните од установата. Во претставата играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ, а режисер е Кети Дончевска Илиќ. Претставата е работена со средства обезбедени од установата.
Куманово, 18 декември 2024 (МИА) - Кумановскиот театар утре со почеток во 18 часот во Центарот за култура, премиерно ќе ја изведе новогодишната детска претстава „Дедо Мраз во веселата шума“, информираа на денешната пресконференција надлежните од установата. Во претставата играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Никица Јанковски и Марко Трајковиќ, а режисер е Кети Дончевска Илиќ. Претставата е работена со средства обезбедени од установата.
-Оваа година се одлучивме да создадеме новогодишна претстава, со која ќе ги израдуваме младите и ќе им ја потенцираме вербата во Дедо Мраз и во доброто, туку и ќе се потрудиме да ја донесеме новогодишната магија во нашиот град, изјави актерката Владанка Крстевски. Актерот Никица Јанковски ќе ја игра улогата на весело зајче во претставата кое се обидува да направи итрини и смешни ситуации. Улогата на Дедо Мраз годинава ќе му припадне на актерот Марко Трајковиќ, кој вели дека е задоволство да се прават претстави за деца.
– Навистина за кумановци, особено за малите, е посебно задоволство да се подготвува претстава за деца. Јас во оваа претстава ја имав улогата на режисер. Ние како колегиум одлично соработуваме и на крај можам да споделам огромно задоволство од процесот во кој ние уживавме, а верувам дека и публиката ќе ужива, изјави Дончевска Илиќ.
Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски кажа дека ова е последна претстава со која ќе се заокружи успешната 2024-та година, со шест премиери, четири поддржани од ресорното министерство и две реализирани од сопствени средства.
Сценографија за оваа претстава е на Крсто Богојевски, костимите се на Дарко Илиевски. Најмладите кумановци се заинтересирани за претставата, така што се распродадени билетите и за премиерата и за репризата. ам/сст/
Фото: МИА и Театар Куманово