Кумановскиот градоначалник Димитриевски на средба со претставници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Македонија
- Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа со акредитација во земјава во присуство на претставници од Министерството за одбрана на и Армијата, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот.
Куманово, 15 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа со акредитација во земјава во присуство на претставници од Министерството за одбрана на и Армијата, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот.

Како што наведуваат од општината, настанот е организиран во рамки на активноста „Посета на ВП 4770 Куманово“, во Команда за операции, стационирана во касарната „Боро Менков“ – Куманово.
На средбата присуствуваа 16 одбранбени воени атешеа, од тринаесет земји: Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Австрија, Унгарија, Италија, Украина, Турција, САД, Канада, Кина и Обединето Кралство, кои имаа можност да се информираат и запознаат со главните карактеристики и капацитети на Општина Куманово, со цел да се создадат поволни услови за градење на успешна соработка во иднина. ам/дма/
Фото: Општина Куманово