Куманово ја поддржа иницијативата 50 ученици да се тестираат и сертифицираат за глобално признаен сертификат
- Општина Куманово поддржа 50 ученици од основно и средно образование од градот за тестирање и сертифицирање за глобално признаениот сертификат, Microsoft Office Specialist, соопштија денеска н

Куманово, 23 јуни 2022 (МИА) - Општина Куманово поддржа 50 ученици од основно и средно образование од градот за тестирање и сертифицирање за глобално признаениот сертификат, Microsoft Office Specialist, соопштија денеска надлежните.
По тој повод, учениците и менторите се сретнаа со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, која ја истакна огромната важност на дигиталната писменост, развојот на компјутерските знаења и вештини, со цел модерно, иновативно и успешно информатичкото општество.
