• петок, 22 ноември 2024

Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита

Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита

Куманово, 5 февруари 2024 (МИА) - Општина Куманово, сектор за социјална заштита објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и правни лица за тековната година, информираа денеска од општината. Повикот се распишува врз основа на програмата за развој на социјална заштита на општина Куманово за обезбедување на социјална заштита во рамки на правата и должностите утврдени со Уставот и законите, преку давање на финансиска поддршка.
- Повикот се однесува на воспоставување на нови и унапредување на постоечките социјални услуги, важни за нашите граѓани, пред сè социјално ранливите. Дел од услугите кои можат да бидат понудени се услуги на информирање и упатување, за стручна помош и поддршка, за советување, услуги во домот, во заедницата за вонсемејна заштита. На повикот можат да се јават сите кои исполнуваат услови, освен лиценцираните даватели на услуги, бидејќи тие се финансираат од МТСП. Од буџетот на општината одвоени се четири милиони денари. Заинтересираните имаат рок од 15 дена, значи завршува до 19 февруари, годинава, изјави раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

Правните субјекти здруженија треба да исполнуваат повеќе услови наведено на општината веб страницата. Од секторот ги повикаа сите кои имаат нејасностии или прашања директно да ги контактираат. Барањата треба да се достават до комисијата за разгледување на барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово“-општина Куманово, улица „11 Октомври“ бб, 1300 Куманово. ам/ир


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан