• понеделник, 23 декември 2024

Куманово објави повик за субвенционирање на комунални услуги за ранливи категории граѓани

Куманово објави повик за субвенционирање на комунални услуги за ранливи категории граѓани

Куманово, 11 јануари 2023 (МИА) – Општина Куманово објави повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023-та година, информираа денеска од општината.

Средствата во износ од 6.480.000 денари се наменети за повеќе категории граѓани за субвенционирање на комуналии (депонирање на смет, до 300 денари и вода до 900 денари, по корисник). Со програмата планирано е да се опфатат 450 корисници.

За оваа мерка можат да се пријават самохрани родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 – годишна возраст на детето или до 26 – годишна возраст доколку се образува).

Мерката им следува и на стечајни работници кои не стекнале право на материјално обезбедување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, згрижувачки семејства што подразбира згрижувачко семејство и 24-часовна грижа за деца и возрасни лица, кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопствено семејство.

Деца без родители и родителска грижа лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст доколку се образуваат, можат да конкурираат како и лицата со попреченост, со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице. Приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст, приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита, во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, односно: тешки, потешки и најтешки пречки во телесен развој, умерена, тешка или длабока ментална попреченост, најтешки облици на хронични заболувања, најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот, Даунов синдром, повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Во објавата се наведени општините документи кои треба да се приложат во зависност од категоријата на лицата, личен документ, сметка од ЈП „Водовод“ и ЈП „Чистота и Зеленило“, потврда од државни институции, АВРСМ, Центар за социјални работи, потврди од образовни установи. Барањата со потребна документација треба да се доставуваат до архива на општина Куманово од 10.01.2023 до 10. февруари, годинава. ам/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан