• четврток, 04 јули 2024

Куманово на гостински терен го совлада МЗТ Скопје

Куманово на гостински терен го совлада МЗТ Скопје
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Во заостанат натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76. По овој пораз, МЗТ Скопје Аеродром ги загуби и теоретските шанси за првото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига. Кумановци со новите два бода може да се надеваат и на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот. МЗТ има биланс 14-7 е трет на табелата, додека Куманово е со ефект 12-9 е на делба на петтата позиција. До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар. зс/

Остани поврзан