Куманово избира компанија за реконструкција на улица во населбата Карпош
- Куманово објави оглас за избор на компанија за реконструкција на улицата „172“ во населбата Карпош, соопштија денеска надлежните. Според објавата заинтересираните компании покрај општите доку
Куманово, 18 август 2022 (МИА) - Куманово објави оглас за избор на компанија за реконструкција на улицата „172“ во населбата Карпош, соопштија денеска надлежните. Според објавата заинтересираните компании покрај општите документи барани во тендерската документација треба да достават и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, како и лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.
Понудите треба да се достават до крајот на месецов кога е закажано отворањето во просториите на општината со почеток во 9 часот. Избраната компанија ќе има рок од 90 дена да ја реконструира улицата во оваа населба. ам/дма/