• понеделник, 23 декември 2024

Куманово дел од акцијата „Генералка викенд“

Куманово дел од акцијата „Генералка викенд“
Куманово, 6 мај 2021 (МИА) - Општина Куманово ќе биде дел од „Генералка викенд“, најавија денеска од општината. Утре е предвидено да се одржат повеќе акции, а ќе учествуваат граѓани, ЈП „Чистота и Зеленило“, АРМ, како и претставници од граѓански организации „Кумановски акцијаши“. - Еколошката акција ќе се спроведе на градскиот кеј, при што ќе се мери тежината на собраниот отпад, кој претходно се складира во поставените станици за оваа намена на „Пакомак“. Дополнително со механизација и АРМ ќе се чисти и депонијата кај маркет „Туш“. За секои десет килограми собран отпад ќе биде засадено дрво, создавајќи монументална шума „Сончева гора“. Во акцијата можат да учествуваат сите граѓани на локација кај Градскиот кеј кои ќе придонесат во зачувувањето на животната околина и општина Куманово да стане „Општина на годината со најмногу совесни граѓани за животната средина, соопштија од општината Куманово. Акцијата ја организира „MAN AND MOUNTAIN LLC“ во рамките на проектот „Зелена сончева“, под мотото „За чисто, како дома исто“. Во проектот веќе учествуваат „Пакомак“, ЕВН, делегација на ЕУ, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други организации и поединци. ам/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан