• петок, 05 декември 2025

Куманово град со ред, визија и иднина, промовирана кампањата на независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро

Куманово град со ред,  визија и иднина, промовирана кампањата на независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро

Куманово, 6 октомври 2025 (МИА) - Куманово-град со ред, визија и иднина, борба против клиентелизам и корупција, ефикасна општинска администрација, партнерство со граѓани преку дигитални алатки вети независниот кандидат за градоначалник Горан Стојковски-Диро на вечерашната промоција на програмата „Ред за Куманово“. Современ систем за управување со отпад, еколошки извори на енергија, паркови и зеленлило,  пешачки зони и велосипедски патеки беа дел од проектите кои беа презентирани од кандидатите за советници од „Ред за Куманово“. 

Стојковски ги повика кумановци да одберат чесни луѓе кои имаат капацитет да ги придвижат работите во Куманово и да ја почувствуваат промената. За големите политички партии, независнит кандидат за градоначалник кажа дека имаат „целосно отсуство на волја“ за промена и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, укажувајќи дека изборната апстиненција не носи ништо добро за граѓаните, туку само за поединци кои го „злоупотребуваат“ системот. 

- Кандидатот зад кој застана независно Куманово пред четири години во тоа време ја сфати својата победа, иако петнаесет илјади кумановци застанаа зад борбата против клиентелизмот и тендер-шемите. Тука е и пораката за оние кои мислат дека сме подзаборавиле како и од кого започна урбанистичкиот хаос во овој град и кој го воведе системот на клиентелизам како основен систем на функционирање на локалните институции, рече Стојковски.

Кумановци кажа Стојковски имаат можност за промена. За кандидатите за советници кажа дека се компетентни, чесни луѓе, дел, никогаш не биле во партија, дел од граѓанскиот сектор, дел од бизнис заедницата но, не од онаа „која игра наместени натпревари“, и како тим ги спојува волјата да се променат работите кон подобро.

- Сметам дека Куманово не смее да биде оставено на избор, трет мандат на Димитриевски четврт, мандат на Зоран Дамјановски-Циц, рече Стојковски.

Кандидатот за градоначалник ги повика кумановци да ги следат храбрите се воспостават нови политики, нови вредности приоритети и решенија.

Пред присутните се обрати и носителот на листата Иван Петковски кој ги повика кумановци да преземат одговорност.

- Нашата програма не е напишана со празни ветувања таа е напишана имајќи ги предвид вашите секојдневни потреби почисти улици, побезбедни маала, функционални јавни услуги, транспарентни одлуки. Единствено ветувам дека нема да ги игнорирам вашите проблеми кога ќе се соочам со нив заедно со мојот тим сè додека не донесеме решенија, да го поправиме часовникот и го вратиме редот и конечно да изградиме Куманово, град што функционира за сите, рече Петковски.

Кандидатката за советник, Анита Цветковска рече дека редот почнува од искрените луѓе, од оние кои сакаат да живеат во безбедно, зелено, Куманово. На промоцијата на програмата беа презентирани 31 кандидат за советник од независната листа „Ред за Куманово“. ам/нд/

Фото: МИА



Остани поврзан