• петок, 05 декември 2025

Куманово аплицираше со 27 проекти на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините

Куманово аплицираше со 27 проекти на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините

Куманово, 30 јуни 2025 (МИА) - Општина Куманово аплицираше со 27 проекти на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, во износ од околу 800 милиони денари, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

-Општина Куманово има можност да аплицира за еден ваков висок износ на средства и вакво нешто се нема случено во минатото да добиеме можност да реализираме согласно сите овие апликации една реална голема капитална развојна програма за градот. Со овие 27 проекти со приближна проценета вредност од 895 милиони денари по проектантски цени аплицирано е на повикот на Владата кој согласно методологијата на распределба на средства на Општина Куманово ѝ дозволува да аплицира со износ од 806 милиони денари, а останатите средства, ако овие проекти бидат прифатени би биле надополнети од нашиот буџет, рече градоначалникот.

Меѓу покрупните проекти е изградба на детска градинка во населбата „Зелен рид“, изградба на гасоводна мрежа со траса од улица „11 Ноември“ до основно училиште „Толи Зордумис“, улица „АВНОЈ“ со „Видое Смилевски Бато“, дел од улица „Народна Револуција“, улица „Доне Божинов“ до населба Карпош, улица „Тоде Думба“, улица „Никола Тесла“, улица „Драган Стопаревиќ“. Изградба на гасоводна мрежа на улица „Горно Милановачка“ и улица „Вареждинска“. Проект има и за спортска сала за партерно уредување, реконструкција на спортска сала и изградба на систем за ладење и греење како и за електрика, фотоволтаици, реконструкција, односно изградба на фотоволтаичен систем на спорстаката сала сала. На повикот Куманово аплицираше и за пообемна реконструкција на Домот за стари лица, изградба на мост на Крива Река кај Довезенце, реконструкција на капела на градските гробишта. Планирана е изградба на водоводна мрежа на „11 Октомври“ од улица „Гоце Делчев“ до улица „4 јули“ и реконструкција на фекална канализација на улица „11 Октомври“ од улица „Гоце Делчев“ и улица „Сава Ковачевиќ“ се до центарот на градот. Предвидени се реконструкции на основното „Кочо Рацин“ и на „Вера Которка“ во село Клечовце.

Куманово аплицира за реконструкција на една улица во населбата „Иго Тричковиќ“, за пет во „Гладно поле“, за дополнителни пет во „Перо Чичо“, за четири на улицата „Авној“, за една во Проевце, за реконструкција на „Индустриска“, за улици кај „Киро Фетак“, и за Веселин Вујовски“, „Карадарчки Одреди“ со „Есперанто“ и на локален пат, од асфалтна база до Пчиња. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан