• понеделник, 23 декември 2024

Култренинг работилница за кореографија и танц со Бобан Русески

Култренинг работилница за кореографија и танц со Бобан Русески
Скопје, 5 ноември 2022 (МИА) - Локомотива денеска ја организира последната Култренинг работилница за кореографија и танц заедно со танцовиот уметник и кореограф Бобан Русески во Кино Фросина во Младинскиот културен центар. Работилницата „Чувствени алатки за танц“ со Бобан Русески има за цел да овозможи на учесниците да се запознаат со можностите за телесно ангажирани движења и алатки за креирање и поставување на сопствени кореографии. Работилницата ќе се одвива во два дела, од која првиот дел е загревање и изучување на техника на под, по која следи развивање и продолжување на работа на кореографско дело „Општествена критика“, дело на Бобан Русески поставено во 2019 год Во оваа претстава кореографијата работи на принципот на манипулација, реферирајќи на четири типа на манипулација, и тоа: општествена/историска/себствена/и телесна (со очите). На работилницата, Русевски заедно со учесниците ќе продолжи да истражува за манипулацијата, што е значењето за поединецот, односно како секој од нас ја препознава, се однесува кон неа, и какви реперкусии има за општеството. Методот на истражувањето на манипулацијата ќе биде преку слободно движење и перцепција, чувственост и емоција. Бобан Русески е роден 1996 година, има завршено средено образование во „ДМБУЦ Илија Николовски - Луј” насока модерен и џез балет. Тој ја завршува последната година од своите студии при универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во катедрата за современ танц под менторство на проф. Рисима Рисимкин. свс/сп/

Остани поврзан