• сабота, 23 ноември 2024

Култниот дрес на Марадона не е на продажба

Култниот дрес на Марадона не е на продажба
Лондон, 1  декември 2020 (МИА) - Поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ изјави дека минатата недела одбил десетици потенцијални купувачи на дресот кој покојниот Диего Марадона го носеше на четвртфиналниот меч меѓу Аргентина и Англија (2-1) на Мундијалот во 1986, инсистирајќи, притоа, дека дресот не е на продажба. Хоџ, по завршувањето на тој натпревар, на кој Марадона постигна два гола, првиот со рака, а вториот по фантастичен соло продор, ги размени дресот со легендарниот Аргентинец. Иако култниот дрес денес е изложен во Англискиот национален музеј за фудбал, тој е сопственост на 58-годишниот Хоџ. - Тој дрес го поседувам веќе 34 години, и никогаш не сум се обидел да го продадам. Има неверојатна, сентиментална вредност. Луѓето постојано ми тропаат на врата, а телефонот непрестајно ми ѕвони, и тоа воопшто не е пријатна состојба. Дури се појави и лажна вест дека барам еден или дури два милиони за да го продадам дресот. Тоа го сметам за крајно навредливо и апсолутно погрешно. Тој дрес не е на продажба, изјави Хоџ. ег/зс/

Остани поврзан