• недела, 22 декември 2024

Кулинарски спектакл „Food Vision“ на саемот „Wine Vision by Open Balkan“ на Србија, Северна Македонија и Албанија

Кулинарски спектакл „Food Vision“ на саемот „Wine Vision by Open Balkan“ на Србија, Северна Македонија и Албанија

Белград, 20 септември 2023 (МИА) - На Белградскиот саем, од 16 до 19 ноември, во рамки на регионалниот саем на вино „Винска визија Отврен Балкан“, ќе се одржи кулинарски спектакл „Фуд Вижн“ под покровителство на Владата на Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа ќе биде можност посетителите, заедно со врвните вина, да се запознаат со традиционалните вкусови и гастрономски особености. За време на четирите саемски дена, Хала 5 ќе биде центар за собир на експерти за вино и гастрономија, врвни професионалци и најперспективни млади готвачи од земјите од регионот кои ќе се натпреваруваат во бројни категории под будното око на реномирани меѓународни судии и посетители, изјави помошник генералниот секретар на Владата на Србија Данијел Николиќ на презентацијата „Food Vision“ во Стопанската комора на Србија (ПКС).

Според него, главна задача е да се претстави регионот на Отворен Балкан како единствена туристичка, културна и географска дестинација со цел да се зголеми бројот на туристи и да се подобри слободниот проток на луѓе, услуги и капитал.

Покрај натпреварувањето, додаде тој, посетителите ќе можат да уживаат во бројни презентации и мастерклас сесии на најпрепознатливите и најпочитуваните шефови на кујни.

„Фуд Визижн“ ќе се реализира во две тематски целини, соопштија од ПКС.

- Станува збор за конкурентната програма на професионални готвачи и ревијална изложбена поставка на земјите учеснички во хала 5 и изложбата на комерцијални излагачи на програмата HoReCa со акцент на прехранбената индустрија и професионалната опрема и услуги во угостителскиот сектор, објасни Николиќ.

Според него, во соработка со професионалното здружение на млади готвачи - Клуб за млади готвачи, ќе се организира и гостување на ученици од средните угостителски училишта, потоа натпревари на професионални готвачи, како и натпревар во кулинарски вештини за претставници на медиумите и членови на дипломатскиот кор на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ беше организиран првпат во септември минатата година, со учество на повеќе од 20 земји, 350 винарии и 30.000 посетители од целиот свет.

Оваа единствена манифестација се одржа под покровителство на владите на Србија, Серверна Македонија и Албанија, а на посетителите на саемот им понуди целосно ново винско искуство и можност да го откријат возбудливиот свет на автентичните и автохтони вина од Западен Балкан.об/лв/

Остани поврзан