Кулеба: Ова е најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении
- „Русија ја уништи браната Каховка и на тој начин ја предизвика веројатно најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении. Илјадници цивили се во опасност. Ова е сериозно воено злосторство. Единствениот начин да се запре Русија, најголемиот терорист на 21 век, е целосно протерување од Украина“, напиша Кулеба на Твитер.
Киев, 6 јуни 2023 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, го нарече уништувањето на браната Нова Каховка „најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении.
„Русија ја уништи браната Каховка и на тој начин ја предизвика веројатно најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении. Илјадници цивили се во опасност. Ова е сериозно воено злосторство. Единствениот начин да се запре Русија, најголемиот терорист на 21 век, е целосно протерување од Украина“, напиша Кулеба на Твитер.
Да потсетиме, горниот дел на хидроцентралата Каховка, на југот на Украина, беше уништен со гранатирање, но самата брана на резервоарот не е уништена, изјави Владимир Леонтиев, шеф на управата на Новокаховскиот градски округ.
Бројни канали на Телеграм вечерва објавија дека хидроцентралата Каховка, која е под контрола на руските сили, наводно е целосно уништена, а некои објавија и снимки од урнатата брана. сд/